Потпишана регионална Спогодба за потрагa и спасување во воздухопловството
Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потрагa и спасување како дел од заедничките операции на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC) на земјите од регионот во цивилната авијација.
Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.
Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев истакна дека со ова се врши хармонизација на операциите за спасување во земјите од регионот со што постапките се интегрираат во еден ефикасен систем за обезбедување на потребните ресурси во цивилната ацијација, постапки целосно усогласени со стандардите на Еуроконтрол.
Свое обраќање имаше и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој истакна дека регионалната соработка е од исклучително значење за поставување на високо професионлани стандарди во цивилното воздухопловство.
„Имајќи предвид дека е потребен оранизиран систем за потрага и спасување на воздухоплови и лица во опасност како операции од висок ризик, денешниов собир е само потврда дека ние земјите од регионот работиме на усогласување на домашните легислативи во обезбедување на потребните ресурси за овој тип на операции. Развојот на авиосообраќајот и воздухопловството во Република Северна Македонија е високо на агендата на Владата и во таа насока создаваме услови да креираме долгорочен и ефикасен систем на организирање на цивилната авијација.“ – изјави министерот Бочварски.
Тој исто така потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија го усвои Законот за воздухопловство преку кој се подигнуваат стандардите во воздухопловната дејност.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк