АЦВ свечено им ги додели наградите на учениците кои имаа најуспешни ликовни творби
Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска во КИЦ во Скопје, и официјално им ги додели наградите на учениците кои имаа најуспешни ликовни творби на Ликовниот конкурс во организација на АЦВ и Министерство за образование и наука на РСМ на Тема:-100 години македонско воздухопловство – ,,Сонувам како со воздухоплов летам, во чиста животна средина да слетам”.
На свеченоста на која присуствуваа голем број ученици, родители, ментори по ликовно образование и вработени во АЦВ, се обрати директорот на Агенцијата д-р Томислав Тунтев.
Изразувајќи огромно задоволство од покажаниот интерес на учениците од основните училишта во земјава да земат учество на конкурсот, и со тоа да го дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија, како за минатото, така и за перспективите на македонското воздухопловство, Тунтев на младите ликовни таленти, им порача дека, очекува воздухопловството, покрај предизвик за ликовен израз, да им преставува сатисфакција за нивна идна професионална определба.
Тој меѓудругото најави дека, вакви и слични манифестации во организација на АЦВ, ќе продолжат и во иднина, со цел промоција на македонското цивилно воздухопловство и негова афирмација во домашни и меѓународни рамки.
На Конкурсот, првата награда во категоријата најдобра ликовна творба за деца на возраст од 7 до 9 години и припадна на Љубица Станоева, ученичка во ООУ “Петар Поп Арсов”-о.Карпош, Скопје,
2 то место во истата категорија, и припадна на Бисера Јаќимовска, од ООУ “Јоаким Крчовски”-Крива Паланка.
И 3 то место го доби Лана Лазаревска, ученичка во ООУ “11 Октомври” од Куманово.
Во категоријата, ликовна творба за деца на возраст од 10 до 12 години, 1 то место му припадна на Стојкоски Горазд, ученик во “ООУ Александар Македонски”, о.Аеродром-Скопје,
2 то место на Христо Клековски, ученик во ООУ “Кочо Рацин”, Куманово,
и со 3 то место беше награден Ќендрим Пљакај, ученик од ООУ “Лириа” од о.Чаир.
Во категоријата, ликовна творба за деца на возраст од 13 до 15 години,
1 то место и беше доделено на Ана Илиевска, ученичка во ООУ “Гоце Делчев”, о.Илинден, Скопје
2 то на Марија Димитрова, ученичка во ООУ “Димче А.Габерот”, о.Демир Капија
3 то место му припадна на Благојче Величковски, од ООУ “Кирил и Методиј”, о.Стајковци-Скопје
Првата награда во сите три категории, беше дрон, за втората, таблет и за третата награда, smart watch.
По чинот на доделување на наградите, беше отворена ликовната изложба, со пристигнатите ликовни творби на конкурсот. Истата во КИЦ за посетителите ќе биде отворена денеска и утре до 20ч.
За изборот на најдобрите ликовни творби, одлучуваше посебна жири комисија, во чиј состав, партиципираа, наставник по ликовно образование, преставник на МОН, како и вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк