ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСТАНИ
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСТАНИ
Според важечките законски и подзаконски одредби со кои е регулирано пријавувањето настани во воздухопловството во РСМ и според позитивните меѓународни прописи, одредени лица и овластени организации имаат обврска да пријавуваат настани во воздухопловството до Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Оваа страница дава детални објаснувања за тоа кој има обврска да пријави до Aгенцијата за цивилно воздухопловство, што треба да пријават организациите и како треба да се пријави.
Кој пријавува?
Сите организации за кои надлежен орган е Агенцијата според Законот за воздухопловство 48/2020, неговите правила за спроведување и Уредбата 67/2023.
- Оператори на авиони или хеликоптери овластени да вршат комерцијален воздушен транспорт,
- Даватели на услуги за воздухопловна навигација,
- Оператори на сертифицирани аеродроми,
- Организации кои даваат услуги на земја,
- Оператори на аеродроми, сертифицирани хелиодроми и сертифицирани аеродроми на вода,
- Декларирани организации за обука,
- Генерална авијација.
Во согласност со член 4 од Уредбата 67/2023, односно член 4 став 6 од Регулативата ЕУ 376/2014, следните физички лица ги пријавуваат настаните наведени преку системот воспоставен од страна на организацијата која вработува, склучува договар со или ги користи услугите на известувачот или, доколку тоа не е случај, преку системот воспоставен во согласност од страна на земјата-членка на седиште на нивната организација, или од страна на земјата која ја издала, проверила или извршила конверзија на дозволата за пилот дозвола или преку системот кој е воспоставен во од страна на Агенцијата:
- водачот на воздухопловот, или, во случаи кога водачот на воздухопловот не е во можност да го пријави настанот, кој било друг член на екипажот кој е следен во хиерархијата на команда на воздухопловот;
- лице кое е ангажирано во проектирање, производство, следење на постојаната пловидбеност, одржување или изменување на воздухоплов, или која било друга опрема или нејзин дел;
- лице кое потпишува уверение за утврдување на пловидбеност, или за пуштање во употреба на воздухоплов или која било опрема или дел од неа, под надзор на некоја државните воздухопловни власти;
- лице кое врши должност за која се бара да биде овластено од државата како член на персонал на давател на услуги во воздушниот сообраќај, кому му се доверени одговорности во врска со услуги на воздухопловната навигација или како службеник за давање на услуги за информации за летање;
- лице кое врши должност поврзана со управувањето со безбедноста на аеродром;
- лице кое врши должност поврзана со инсталацијата, измената, одржувањето, поправката, ремонтот, проверката во лет или инспекцијата на објектите за воздухопловна навигација;
- лице кое врши должност поврзана со опслужувањето на воздухоплови на земја, вклучително и снабдувањето со гориво, подготовка на документацијата за товар, товарање, одмрзнување и влечење на аеродром
Што се пријавува?
Според член 4 од Уредбата 67/2023, односно член 4 став 1 од Регулативата ЕУ 376/2014, се пријават сите настани кои можат да претставуваат значителен ризик по воздухопловната безбедноста на воздухопловството и кои спаѓаат во следните категории:
- Настани во врска со работата на воздухопловот (детална класификација во Aнекс I од ЕУ 2015/1018);
- Настани во врска со технички услови, одржување и поправка на воздухоплов (детална класификација во Анекс II од ЕУ 2015/1018);
- Настани во врска со услугите и капацитетите на воздухопловната навигација (детална класификација во Анекс III од ЕУ 2015/1018);
- Настани поврзани со аеродромските и услугите на земја (детална класификација во Анекс IV од ЕУ 2015/1018);
- Настани поврзани со генерална авијација;
- Настани во врска со опасни материи.
Како се пријавува?
Воздухопловните организации кои користат софтвер за пријавување на настани како дел од нивниот SMS, потребно е да ги праќаат пријавите до Надлежниот орган по електронски пат или директно преку системот користејќи софтвер компатибилен со ECCAIRS и ADREP таксономијата.
Сите адолжителни полиња мора да бидат пополнети како што е пропишано во Анекс 1 од Регулативата (ЕУ) бр. 376/2014.
Обрасците со ADREP таксономија за пријавување на безбедносен настан за задолжително пријавување на настани може да се најдат на веб-страната на АЦВ.
- Преку www.caa.gov.mk/безбедност/пријавување-на-настани преземете го соодветниот формулар за пријавување на настан во pdf формат.
- Пополнетата пријава на настан се испраќа преку е-пошта на safetyreport@caa.gov.mk.
Физичките лица треба да ги испраќаат своите безбедносни пријави користејќи го формуларот за пријавување на настан кој е достапен во електронска форма веб-страницата на МК АЦВ (Генерално воздухопловство-Пилоти).
Доколку физичките лица сакаат да ја задржат својата анонимност, можат да испратат анонимна е-пошта на safetyreport@caa.gov.mk, обидувајќи се да вклучат онолку информации колку што е потребно.
Кога?
Лицата наведени во член 4 став 6 од Регулативата ЕУ 376/2014 треба да ги пријавуваат настаните до надлежните воздухопловни власти во рок од 72 часа откако станале свесни за настанот, освен ако исклучителни околности не го спречат тоа.
По добивање на пријава за безбедносен настан, секоја организација основана во државата и која е сертифицирана или одобрена од Националниот надлежен орган поднесува пријава до Агенцијата во согласност со нивниот SMS – процедура за пријавување на настани во рок од 72 часа.