Постигнати стандардите за родова еднаквост во АЦВ
Родовата еднаквост, позната и како родова рамноправност или еднаквост на половите, подразбира овозможување и обезбедување на еднакви права и можности за жените и мажите при пристап и користење на достапните професионални, стручни и оперативни ресурси и капацитети во институциите. Тоа вклучува изнаоѓање и имплементација на системски решенија за рамноправно учество на жените и мажите во работењето, раководењето, управувањето и одлучувањето, како и идентична евалуација на различните однесувања, стремежи, амбиции и потреби на вработените, без оглед на нивната полова припадност.
Во рамките на својот стратешки план и годишните програми за развој, како и другите системски документи, во АЦВ во изминатите 4 години се реализираа неколку проекти и активности од областа на родовата еднаквост, со што се постигна голем исчекор во намерата доследно и целосно да бидат испочитувани и остварени зацртаните цели за родова рамноправност. Посветеноста во АЦВ за реализација на таквите проекти и активности произлегува од стандардите и препораките на релевантните меѓународни воздухопловни организации од областа на Gender Equality in Aviation, од позитивните прописи и одредби од националната легислатива, како и од Националната стратегија за родова еднаквост и Националниот акциски план, во согласност со Агендата за одржлив развој.
Како резултат на преземените и реализираните плански проекти и активности во периодот од 2019-2023 година, во јуни 2023 год. во АЦВ е изедначен бројот на жени и мажи што се вработени во институцијата. Покрај тоа, изедначен е бројот на жени и мажи во Раководниот колегиум на АЦВ, односно изедначен е бројот на жени и мажи што се поставени за раководител(к)и на секторите и самостојните служби во рамки на внатрешната организација на АЦВ. Исто така, подеднаков е бројот на жени и мажи со инструкторски овластувања на Листата на стручњаци, што вршат обука и проверка на стручните знаења на воздухопловниот и останатиот стручен персонал во воздухопловството.
Со реализација на годишната Програма и Планот за обука на стручни кадри во АЦВ во 2023 год., до крајот на годината ќе биде изедначен и бројот на жени и мажи што поседуваат инспекторски овластувања, односно што се овластени самостојно да вршат инспекциски надзор врз работата на субјектите во авиоиндустријата. Во текот на 2023 год. претставници од АЦВ зедоа активно учество на неколку меѓународни и домашни собири и стручни советувања од областа на родовата еднаквост и еднакви права. Во тек е ревизијата на сите интерни документи во АЦВ, што до крајот на годината треба да резултираат со сите соодветни измени и дополнувања, за целосно задоволување на стандардите, препораките и прописите од областа на родовата рамноправност.
Членовите на раководниот тим во АЦВ, институција – лидер во однос на другите државни институции во контекст на родовата еднаквост, остануваат посветени на целосно и доследно спроведување и одржливост на стандардите и препорачаните практики од областа на родовата рамноправност.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк