Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д-р Томислав Тунтев одржа работен состанок со претставници на Здружените воздухопловни власти (JAA Training Organisation).

 

На состанокот беа презентирани новите можности за соработка кои ги нуди JAA TO, како и дополнителната поддршка кои тие можат да ја обезбедат во однос на  реализација на иницијативите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а се’ во насока на подобрувањето на квалитетот на знаењето на вработените во Агенцијата, како и стекнување на нови вештини и искуства во областа на цивилното воздухопловството.

Перманентно спроведување на стручното оспособување на квалитетот на вработените на сите нивоа, и понатаму останува еден од клучните постулати на визијата и мисијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, за подигнување на квалитетот и капацитетот на работа и развој на институцијата.