Директорот Тунтев на четворица пилоти од Ароклубот Скопје им додели Плакети
По повод одбележувањето на јубилејот 100 години македонско воздухопловство, Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, д – р Томислав Тунтев, на 4 ца пилоти, членови на Аероклубот Скопје, им додели Плакети за промоција на македонското воздухопловство во земјава и светот.
Честитајќи им на импозантноста со која беше организиран неодамнешниот аеромитинг на спортскиот аеродром Стенковец, директорот Тунтев, на Дејан Саздов, Миле Зечевиќ, Јане Стефанов и Никола Давидов им се заблагодари за напорите кои како тим ги вложуваат во популаризацијата и промоцијата на македонското воздухопловство низ светот.Едновременено и им потенцираше, дека, било вистинска чест и задоволство да се биде дел од еден таков високо професионално организиран воздухопловен настан, на кој со гордост и голема возбуда присутните ги следеа воздушните акробации на македонските и странски воздухоплови, над македонското небо.
Директорот Тунтев средбата ја искористи на присутните да им укаже и дека, АЦВ, со тимот од воздухопловни експерти, им стои на располагање со стручна, морална и институционална поддршка, при реализација на идни спортски и промотивни воздухопловни активности во земјава и светот. Но, и како што рече, со својата професионалност и стручност, да ја гарантира безбедноста и сигурноста на спортските воздухопловни акробации и натпревари, кои се реализираат над македонскиот воздушен простор.
Заблагодарувајќи и се на АЦВ, на поддршката и почитта која ја покажува кон нивните резултати, пилотите од аероклубот Скопје, на средбата во АЦВ, изразија надеж дека, нивниот успех во организирање на аеромитингот, но и низа други спортски манифестации, ќе преставуваат поттик повеќе за голем број млади луѓе во земјава, да влезат во светот на воздухопловството и со заеднички сили да креираат спомени важни за негување и одржување на македонското воздухопловство, пред сегашните и идни генерации.
На средбата во АЦВ, заеднички беше констатирана потребата од поголема помош и поддршка во развојот на спортско реакреативни активности под покровителство на спортските клубови, од страна на релевантните државни институции.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк