„Обука за стандардизација на испитувачи на лет“ во организација на АЦВ
Агенцијата за цивилно воздухопловство во согласност со регулативата (ЕУ) 1178/2011 и одобрена програма, втора година по ред, во Штип, реализираше обука за стандардизација на испитувачи на лет, (Flight Examiner Standardisation Course).Предавачи на истата беа лица од АЦВ, искусни испитувачи, носители на дозвола издадена од Агенцијата, како и лица кои спроведуваат испити и проверки на носители на дозволи издадени од македонските цивилни воздухопловни власти.
Обуката беше спроведена во соработка со организацијата за обука на пилоти „РИМИН ЕР“ од Штип, и конципирана како теортетски и практичен дел. Практичните показни испити пак, за стекнување на овластување испитувач, дополнително ќе се спроведат со одредени кандидати под надзор на инспектори на Агенцијата.
Присутните лица, обуката ја искористија и за размена на искуства и знаења, како и за подигнување на личните и професионални вештини во сферата на стандардизацијата на испитувањата во лет.
Обуката имаше за цел и да го подигне нивото на усогласеност со регулативата, барањата и личните вештини на испитувачите, а со тоа и директно да влијае на подобрување на безбедноста на летањето во овој дел на индустријата.
Обуки со слична содржина, Агенцијата планира да реализира еднаш годишно. Истите се во интерес на стандардизацијата и подигнувањето на квалитетот на испитувањата во лет, но имаат за цел и директно да влијаат врз подобрувањето на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството.
Агенцијата, продолжува и со реализација на активности и иницијативи, во насока на транспозиција и примена на европската регулатива, поддршка на воздухопловната индустрија, стандардизација, обуки, семинари, советувања и подобрување на ефективноста на постапките.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк