На тема „Вовед во одржливи горива кои се користат во воздухопловството (SAF)“ (Sustainable Aviation Fuels on-site tailored training/workshop), деновиве во Скопје,  се одржа Конференција, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а со поддршка на Европската Конференција за цивилно воздухопловство (ECAC – European Civil Aviation Conference).

 

 

Целта на работилницата беше запознавање на субјектите на воздухопловната индустрија и релевантните институции, со новите обврски кои се однесуваат на заштита на животната средина од емисии на гасови во воздухопловството. Истите се во согласност со преземените обврски за усогласување на македонската легислатива со ЕУ Регулативите и Директивите од Мултилатералната спогодба за Европската заедничка воздухопловна област.

Истакнувајќи го значењето на грижата на поединецот за одржување на здрава, чиста и еколошки одржлива животна средина, директорот на АЦВ, д –р Томислав Тунтев, порача -Сите да размислуваме глобално, но да делуваме локално, доколку сакаме зад себе да  оставиме природа во која ќе растат здрави и успешни идни поколенија.

Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните меѓународни и домашни воздухопловни власти, за намалување на емисиите на гасови во воздухопловството, преставуваат, додатна вредност во заштитата на животната средина, како  едно од ултимативните барања на современиот развој на воздухопловната индустрија. Перспективната употреба на одржливо авионско гориво (Sustainable Aviation Fuel – SAF) кое се произведува од одржливи суровини (отпадни масла од животинско или растително потекло, цврст отпад од домовите и деловните субјекти, шумски отпад, енергетски култури како што се брзорастечките растенија и алгите), преставува импулс повеќе во  намалувањето на емисиите на СО2 во споредба со традиционалното млазно гориво.

 

smart

На работилницата учество земаа претставници од релевантните национални институции, ресорните министерства кои се инволвирани во конкретната област, гости од меѓународни и невладини организации, како и претставници од приватниот сектор.

Присутните учесници, ја искористија работилницата, за отворање на широка дискусија, посветена на понатамошната меѓусебна соработка, во насока на дефинирање на потребните и можни правни, организациски мерки и активности кои во иднина треба да се преземат, со цел, реализација на обврските кои се однесуваат на заштита на животната средина од емисии на гасови во воздухопловството