Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Извршниот директор на ЈАА То, д р Томислав Тунтев и Паула В. де Алмеида, деновиве во Амстердам потпишаа Меморандум за разбирање.Ставањето потпис на овој значаен документ е во насока на подобрување на капацитетите и организациската ефикасност на воздухопловниот персонал во АЦВ, преку обезбедување на пристап до програми, курсеви, консултантски услуги за обука и решенија за знаење.

За директорката Алмеида, соработката со Северна Македонија е доказ за нашата заедничка визија, ангажман и посветеност за зајакнување на безбедноста и сигурност на цивилното воздухопловство. -Под водство на г-дин Тунтев предвидуваме просперитена иднина, во која  двете организации значително ќе придонесат за напредокот на воздухопловниот сектор сектор, порача Алмеида.

Заблагодарувајќи се и на досегашната успешна соработка со ЈАА ТО, директор Тунтев, потенцираше дека, вложувањето во професионалното знаење на вработените преку обуки, курсеви и други видови едукативни програми, е најпрофитабилната инвестиција за било која институција.

-Потпишување на овој значаен документ, преставува дополнителен импулс  во зајакнувањето на  досегашната соработка, со една високо престижна европска институција, каква што е ЈАА ТО,“подвлече директорот на АЦВ, Тунтев.

 

Паралелно со потпишувањето на Меморандумот за разбирање на директорко ниво, во седиштето на ЈАА ТО, во Амстердам, се одржа и еднодневна обука наменета за шефовите за обуки на воздухопловните власти,.Целта на едукативната сесија беше да ги обучи учесниците, за ефективно воведување и извршување на програмите за обука во областа на цивилното воздухопловство, во согласност со насоките и стандардите на ЕУ.