П: Може ли операторот на воздухоплов без екипаж да биде и далечински пилот? О: Операторот може но и не мора да биде далечински пилот. За еден оператор можат да летаат повеќе далечински пилоти. Воздухоплови без екипаж кои летаат за еден оператор мора да бидат означени со регистарски број на истиот оператор.
П: Дали далечинскиот пилот може да биде и оператор во исто време? О: Далечинскиот пилот може но и не мора да биде оператор. Далечинскиот пилот не мора ни да има сопствен воздухоплов, ниту пак да биде регистриран како оператор. Далечински пилот е лице кое мора да помине теоретска и практична обука, освен за контрола на беспилотно летало со MTOM < 250g, со кој ќе лета исклучиво во отворена категоријата.
П: Дали можам да летам со мојот приватен воздухоплов без екипаж, како далечински пилот, за друг оператор? О: Да! Во овој случај, мора да го означите воздухопловот со регистарскиот број на операторот за кој летате.
П: Беспилотното летало е со маса од 236 грама но поседува сензори (камера, микрофон…) Дали треба да се регистрирам како оператор со оглед на тоа што леталото е <250 грама. О: ДА, иако вашето беспилотно летало е полесно од 250 грама, штом поседува вградени сензори (микрофон, камера…) мора да се регистрирате како оператор.
П: Доколку беспилотното летало со кое сакам да оперирам (летам) е <250 грама дали треба да полагам за сертификат за поткатегорија А1/А3 ? О: НЕ, но топло ви препорачуваме да ја пројдете on-line обуката која се наоѓа на интернет страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ https://www.cca.gov.mk и да го проверите вашето знаење преку испитот од 40 прашање за да видите колку сте упатени во правилата, прописите и начинот на управување со воздухоплов без екипаж. Ова знаење може да ви користи во многу непознати за вас ситуации.
П: Дали сум осигуран од штети предизвикани на трети лица, ако летам со мојот воздухоплов без екипаж за друг оператор? О: Во горенаведениот случај, вие не сте операторот, туку само далечинскиот пилот. Обврзани сте да го означите вашиот воздухоплов без екипаж со регистарскиот број на операторот за кој моментално летате. Операторот има обврска да се осигура од штети предизвикани на трети лица.
П: Што се смета за работа од воздух ? О: Сите активности со воздухоплов без екипаж, освен кога само се лета без никакви дополнителни активности. (на пр. фотографирање и видео, мапирање на теренот со лидар технологија, транспорт на дозволени товари… итн.)
П: Дали осигурувањето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО или препорачано? О: Според македонскиот “ Закон за задолжително осигурување во сообраќајот” Член 47 – Осигурување од одговорност од штета, – Сите беспилотни летала со тежина над 500 грама (0,5 кгр) мора да бидат осигурани.
П: Камерата како услов за регистрација – дали треба да се регистрираат и операторите на дронови FPV (кои имаат само камера за лет) ?
О: Од операторите на Воздухоплови без екипаж се бара да се регистрираат кога управуваат со беспилотни летала опремени со сензори способни за собирање лични податоци во рамките на отворената категорија, освен ако тие се беспилотни летала кои се сметаат за играчки во согласност со Директивата 2009/48/ЕУ. Бидејќи дронот FPV е опремен со камера, која се смета и за сензор за собирање лични податоци, произлегува дека и операторите на дронови FPV мора да се регистрираат.
П: Ако физичко лице е регистриран оператор во една од земјите-членки на ЕУ, дали треба повторно да се регистрира во Република Северна Македонија О: Не, според Регулатива 2019/947 процесот на регистрација се врши само еднаш во земјата на живеење за државјаните на ЕУ и не е потребна нова регистрација во Република Северна Македонија.
П: Дали регистрацијата на летот преку порталот Drone MCAA е задолжителна за сите воздухоплови без екипаж, дури и за оние под 250 g MTOM?
О: Задолжително е за сите воздухоплови без екипаж без разлика на масата.
П: Дали и членовите на одредена група или организација се обврзани да се регистрираат како оператор или е доволно групата да се регистрира како правно лице и со тоа да ја овозможи работата на сите во групата?
О: Постои барање за регистрација за оператори на воздухоплови без екипаж. Тоа може да бидат физички и правни лица. Далечинскиот пилот има обврска да добие сертификати и доказ за завршена обука, секој за себе. Еден оператор на воздухоплов без екипаж може да има неколку далечински пилоти кои работат во рамките на регистрацијата на операторот, но тие секако мора да бидат соодветно обучени
П: Каде можам да добијам материјали за подготовка за испит?
О: Обука за далечински пилоти за операции во поткатегориите A1/A3 може да се направи овде: https://www.cca.gov.mk На истата локација може да се најдат и упатства за полагање А2.
П: Каде можеме да пристапиме кон полагање на испит за далечински пилот?
О: Пристапот до испитот за далечински пилоти А1/А3 е можен на веб-страницата на АЦВ, додека А2 се спроведува според распоредот објавен на веб-страницата на АЦВ.
П: Што ќе се случи во преодниот рок?
О: Преодниот рок започна на 01.01.2025 година и завршува на 31.12.2026 година.
По овој период се предвидува ограничена отворена категорија која ќе ги има следните ограничувања за воздухоплови без екипаж кои немаат ознака По овој период со овие воздухоплови без екипаж ке мозе да се извршуваат операции исклучиво во поткатегории А1 (беспилотни летала со маса <250 грама) и А3 (беспилотни летала со маса <25 кгр) во отворена или посебна категорија.
П: Дали воздухопловите без екипаж без ознака од класа C ќе можат соодветно да се модифицираат за да ги задоволат барањата за ознака од класа C? О: Да, но само ако производителот на воздухоплови без екипаж се согласи. Воздухопловите без екипаж без ознака C класа не ги исполнуваат пропишаните барања. Со цел последователно да се издаде ознаката C класа, производителот на воздухоплови мора да изврши проценка на сообразноста. Ова потврдува дека воздухопловот ги исполнува техничките барања. Производителот ќе му испрати на операторот/далечинскиот пилот налепница со ознаката на класата. Налепницата мора да биде залепена на воздухопловот.
П: Во која категорија спаѓаат беспилотните летала со тежина >25 кг?
О: На ваквите беспилотни летала ќе им биде дозволено да вршат операции во рамките на посебна категорија.
П: Станува ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се емитираат сите податоци за летот, како висина, насока на движење и слично. Дали тоа значи дека постои можност ретроактивно да се пишуваат казни за прекршување на правилата за летање?
О: Една од целите на електронската идентификација е секако имплементацијата на прописите, па можно е тие да се користат за ретроактивно дејство од надлежниот орган.
П: За ограничената отворена категорија поткатегорија A1 (OM<500g) дали се применуваат истите барања за квалификација како и за категоријата A1/A3 за беспилотни летала од C-класификација? Значи испит со 40 прашања ?
О: Точно, освен за беспилотни летала од класа C0, т.е. беспилотни летала OM<250g без ознака од класа C, за кои овој тест не е задолжителен.
П: Отворената категорија спомнува VLOS, а понекогаш операциите се вршат на места каде што не можеме да го видиме дронот, но можеме да видиме каде сме со камера. Дали одиме во посебна категорија или приказот од прво лице преку камера сè уште ви дозволува да останете во отворената категорија?
О: Операциите на летот надвор од видното поле на далечинскиот пилот (BVLOS) не се предвидени во отворена категоријата, освен кога се вршат операции на FPV каде што далечинскиот пилот е должен да врши операции само во присуство на визуелен набљудувач на беспилотно летало, кој се наоѓа веднаш до далечинскиот пилот и визуелно го следи леталото со што му помага на далечинскиот пилот да одржува визуелен контакт со беспилотното летало и безбедно да го изврши летот.
П: Што е со ноќните летови?
О: Летањето ноќе е дозволено во сите категории на летови. Регулативата UAS.OPEN.060 (2)(g) пропишува дека далечинскиот пилот мора да се погрижи на беспилотното летало да има најмалку едно зелено трепкачко светло запалено кога лета ноќе.
П: DJI има дефинирано гео зони, дали се прифатливи?
О: Производителот има слобода да го ограничи летањето каде и да му одговара. Пазарните правила го дозволуваат тоа. Регулативата предвидува обврска да се објавуваат области каде летањето ќе биде забрането, ограничено или дозволено под одредени услови. Тоа е задача на Република Северна Македонија. Операторот има обврска да ги вчита овие области во беспилотниот систем и да ги почитува правилата и ограничувањата на овие зони.
П: Што значи тоа дека максималната висина на летот е 120 метри над земјата? Дали е тоа висината одместото каде што полета беспилотното летало или висината над теренот на позицијата каде што моментално се наоѓа леталото?
О: Висината на летот е висината измерена нормално на површината на теренот на позицијата каде што моментално се наоѓа беспилотното летало.
П: Колку луѓе се подразбираат под собир на луѓе во отворена категоријата ?
О: Собир на луѓе не може да се дефинира со број, затоа се дефинира на следниов начин: луѓе кои се собрани во одредена област каде што немаат доволно простор да се оддалечат од патеката на беспилотното летало кога ќе падне и/ или да избегнете судир со него, или како што е дефинирано со Регулатива (ЕУ) 2019/947: „Собир на луѓе“ значи дека има толку многу луѓе на даден простор што е невозможно да се оддалечат.
П: Можете ли да појасните што е автоматско, а што автономно работење?
О: Автономните операции се дефинирани во Регулативата 2019/947 на следниов начин – „автономно работење“ значи работа на воздухоплов без екипаж на кој не може да влијае далечински пилот; Автоматските операции се операции на воздухоплови без екипаж кои можат да бидат прекинати од далечинскиот пилот или тој може да влијание на друг начин на летот (да је превземе контролата на летот или слично…)
П: Дали луѓето кои оперираат со воздухоплови без екипаж поради заштита и спасување (гаснење пожар) се должни да полагаат/и? Што ако веќе го положиле испитот и имаат сертификат?
О: Регулативите на ЕУ не важат за летови што се вршат со цел јавен интерес (воени, царински или полициски активности, активности за пребарување и спасување, активности за гаснење пожари, активности за гранична контрола, активности на крајбрежната стража или слични активности), така што далечински пилотите додека ги извршуваат овие операции не се обврзани да полагаат испит. Важно е да се нагласи дека летовите за обука и подготовка не се сметаат за летови од јавен интерес, а таквите летови потпаѓаат под условите пропишани со регулативите 2019/945 и 2019/947, така што пилотите од далечина се обврзани да полагаат испити додека ги извршуваат овие операции.
П: Автономни операции – повеќето беспилотни летала имаат функции на летање кои се изведуваат автономно, но можат да бидат прекинати. Дали таквите операции спаѓаат во забранети автономни операции?
О: Операциите што беспилотното летало ги извршува сам според однапред утврден план за летање и над кои далечински пилот може да ја преземе контролата во секое време, се сметаат за АВТОМАТСКИ, а не за автономни операции според Регулативата 2019/947/ЕУ.
П: Ако сакаме одобрение за стандардно сценарио од посебна категорија, дали Декларацијата се поднесува секој пат пред летање според тоа сценарио или дали еднаш добиеното одобрение важи за неколку летови?
О: Декларацијата за стандардно сценарио може да биде еднократен настан, но е дизајнирана да дозволи континуирани операции од ист тип со воздухоплов без екипаж.
П: Каква е процедурата за добивање дозвола за вршење летови над 120 m (до макс. 300 m)?
О: За летови во воздушен простор над 120 метри, потребно е да се добие дозвола за работа од Агенција за цивилно воздухопловство на РСМ, односно таквите операции не можат да се вршат во отворена категоријата, туку во посебна категорија. За да се добие одобрение, потребно е да се докаже на надлежниот орган, во овој случај Агенција за цивилно воздухопловство на РСМ, дека операторот ги препознал опасностите од таква операција и дека предвидел мерки за намалување на ризиците поврзани со таа операција.
П: Во моментов, за беспилотните летала, производителите како DJI не го дефинираат MTOM, туку масата на самиот дрон (на пр. Mavic Mini 249g), а ако се стават заштитници на пропелери на него, тоа е секако повеќе од 250 g, што би значело дека вака опремен дрон е веднаш задолжителен за следната категорија поради поголема маса при полетување. ( >250 грама) О: ДА!
П: Кога станува збор за MTOM, дали е тоа дозволената маса на беспилотното летало за време на летот или максималната маса со која теоретски би можело да полета беспилотното летало, без разлика дали моментално (во лет) е натоварен со него?
О: MTOM – максимална маса на полетување значи максимална маса на беспилотното летало, вклучувајќи носивост и гориво, како што е дефинирано од производителот или изработувачот, при што е можно извршување на операции на беспилотни летала, во сите фази од летот.
П: Дали треба да добиете дозвола од јавните институции кои управуваат со заштитени подрачја на природата, како што се националните паркови за да можете да летате во нив ?
О: ДА !
П: Каде и како се пријавуваат прекршувањата на правилата на летање? Кои се казните?
О: Операции кои не се вршат во согласност со прописите за безбедност на воздушниот сообраќај се пријавуваат во Агенција за цивилно воздухопловство на РСМ. Казните за прекршителите се пропишани со Законот за воздушен сообраќај и се движат од предупредувања, казни во опсег од парични казнувања до привремено или трајно одземање на пилотските дозволи и одобрување/регистрација на оператори на воздухоплови. Поради зачестеноста и ширењето на операциите со беспилотни летала, инспекторите на Агенција за цивилно воздухопловство не можат да бидат на секое место каде што се изведуваат споменатите операции.
Поради тоа, воспоставена е соработка со полицијата и се повикуваат засегнатите граѓани да го информираат МВР кога ќе видат операции со беспилотни летала кои се незаконски или неовластени.
П: Како мислите да го решите проблемот со сериозните продукции во населено место за беспилотни воздухоплови кои носат професионални камери и соодветно спаѓаат во категоријата до 25 килограми?
О: Доколку операцијата од воздух со ваков воздухоплов излезе од поткатегоријата А3, во отворена категорија, операторот е должен да добие дозвола за работа во посебна категорија.