АЦВ одржа работен состанок на тема:“Операции со воздухоплов без екипаж – нова регулаторна рамка’’
Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска, сабота, 14.12.2024 година, во Домот на Армијата во Скопје, се одржа работен состанок на тема: “Операции со воздухоплов без екипаж – нова регулаторна рамка’’, која ќе почне да се применува од 01.01.2025 година.
На работилницата учество земаа стручни лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство и оператори со воздухоплови без екипаж, како и заинтересирани граѓани за развој на оваа, технолошки најнапредна гранка од воздухопловната индустрија.
Работната средба на надлежните воздухопловни власти и вршителите на операции со воздухоплов без екипаж, беше од информативен, едукативен и промотивен карактер и имаше за цел, да ја информира, пред се воздухопловната, но и пошироката јавност, за тоа како ќе се изврши транзиција од постојната регулатива, според чии одредби се регистрирани повеќе од 400 дронови, во новата регулативна рамка со која што се хармонизира националната легислатива со легислативата на ЕУ.
Пред присутните, беше презентиран и новиот Правилник за воздухоплови без екипаж, условите што ги пропишува за операторите и далечинските пилоти, како и неговото значење за безбедноста при извршувањето на операции со воздухоплови без екипаж. Имено, со новата регулатива се воведува
- нова категоризација на операции во зависност од степенот на ризик,
- се утврдува методологија за проценка на ризиците,
- се дефинираат начинот и постапката за стекнување со сертификат за оспособеност за далечински пилот во отворена категорија,
- се пропишуваат услови кои мора да се исполнат за операции во отворена, посебна и сертифицирана категорија, како и специфичностите за секој вид операции.
Правилникот дополнително, ги конципира должностите и одговорностите на операторот и на далечинскиот пилот, отвора можност за on-line регистрација на
оператор на дрон во отворена категорија, самоподготовка и полагање за А1 и А2 сертификат за далечински пилот. Од следната година, операторите на воздухоплови без екипаж, ќе имаат можност за најава на летови во реално време, како и да резервираат воздушен простор преку апликацијата на АЦВ, за најава на летови со дронови.
Стручниот воздухопловен персонал од АЦВ, на присутните им промовираше и напатствија за зајакнување на културата за безбедност и подигање на нивото на свесност при реализација на операции со воздухоплови без екипаж, за бенефитите, но и за опасностите и ризиците кои што произлегуваат од операциите со дронови.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк