информации од јавен карактерСПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОПЕРАЦИИ СО ВОЗДУХОПЛОВ

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОПЕРАЦИИ СО ВОЗДУХОПЛОВ

Специјализирана операција се однесува на активности во кои воздухопловот се користи за специјализирани работи како што се земјоделство, градежништво, фотографирање, геодетски надзор, набљудување и патрола, воздушни реклами.

GM1 SPO.GEN.005 содржи список на активности што спаѓаат во оваа категорија.

За да ги исполни Part-ORO и Part-SPO, операторот мора:

  1. Да има воспоставено систем за управување,
  2. Направен прирачник за операции што го опишува неговото работење, вклучително и Системот за управување и Стандардните Оперативни Постапки,
  3. Да назначи раководни лица,
  4. Да има одобрена листа на минимална операма – МEL,
  5. Да поднесе образец за декларација до надлежниот орган каде се наоѓа главното деловно место или каде што престојува операторот

Покрај тоа, операторот ги доставува следниве обрасци;

  1. Релевантни формулари со барања за специфични одобрувања и барања поврзани со техничкото одржување,
  2. Листа за проверка и изјава за усогласеност OPS-CHK-022 – ДЕЛ СПО,
  3. Листа за проверка и изјава за усогласеност OPS- CHK-022 – СМС,
  4. Образец за инструменти, податоци и опрема -IDE, OPS-FRM – 008B за авиони, или OPS-FRM-008C за хеликоптери,
  5. Релевантни обрасци за апликација за сертификација на пловидбеност

Систем за управување

Системот за управување треба да биде во согласност со AMC 1 ОRО.GEN.2001 (а) (б) и треба да биде во согласност со големината и сложеноста на работењето.

  1. Некомплексните оператори треба да имаат листи за проверка и документирани процеси.
  2. Комплексните оператори треба да имаат целосен систем на управување според ORO.GEN.200.

Оперативен прирачник

Оперативниот прирачник за ЅРО треба да биде самостоен документ и да е во согласност со AMC4 ORO.MLR.100.

Образец за декларација

Формуларот за декларација мора да биде пополнет од одговорниот управител за работењето и испратен до МКД АЦВ.

По добивањето на декларацијата, МКД АЦВ ќе издаде стандардно писмо со потврда за прием до операторот во рок од 10 работни дена. Овој документ се носи во воздухопловот како потврда во случај на инспекција.

Skip to content